Оваа изјава на приватност се однесува на приватност на податоците кои што се наоѓаат на Интернет страната www.shop.laplast-m.com.mk и кои што се собрани при користење на таа страна и зачувани во базата на податоци Лапласт-М Дооел, Скопје.
Лапласт-М Дооел, Скопје како давател на услугите на Интернет страната www.shop.laplast-m.com.mk се придржува до законските прописи со цел да се заштити приватноста на корисниците.
Се советуваат крајните корисници да прочитаат се што е наведено на оваа страна за полесно да разберат кои информации ги собира Лапласт-М Дооел, Скопје и како истите ги користи.
Крајните корисници кои што имаат било какви прашања во врска со приватноста на податоците можат да испратат емаил на следната адреса: info@laplast-m.com.mk.
Крајните корисници се советуваат внимателно да ја прочитаат оваа изјава на приватност. Со пристапување и користење на нашата интернет срана, крајниот корисник потврдува дека ги прочитал, разбрал и ги прифатил сите услови за приватност на податоците и начинот на примена од страна на www.shop.laplast-m.com.mk интернет страната.
Доколку крајниот корисник не се сложува со оваа Изјава на приватност, го упатуваме крајниот корисник да ја напушти, односно да не пристапува и да не ја користи Интернет страната www.shop.laplast-m.com.mk.
Лапласт-М Дооел, Скопје може да ја промени оваа изјава на приватност во било кое време со објавување на изменетиот текст на изјавата на приватност на податоците во делот “Изјава на приватност„ на Интернет страната. Измената на изјавата на приватност стапува на сила веднаш по објавата на Интернет страната www.shop.laplast-m.com.mk.
Секој краен корисник самиот е одговорен и должен периодично да ја посетува оваа страна и да ги согледа промените во Изјавата на приватност. Продолжување на користењето на оваа интернет страна од страна на крајниот корисник по стапување на сила на измените, подразбира дека крајниот корисник ги потврдува и ги прифаќа сите услови на изменетата Изјава на приватност.
Лапласт-М Дооел, Скопје собира информации кои што го идентификуваат специфичиот краен корисник. Кога крајниот корисник ќе се вклучи во одредени активности на www.shop.laplast-m.com.mk. Интернет страната, како што се создавање на корисничко име, правење на нарачка за производ или услуга, пополнување на анкети, објавување на коментари, испраќање на повратни информации, Лапласт-М Дооел, Скопје може да побара од крајниот корисник одредени информации за него како што се име и презима, адреса (вклучувајќи и поштенски број), емаил адреса, телефонски број и датум на раѓање, информации за бројот на кредитната картичка, рокот на истекување, код за авторизација и други поврзани информации. Лапласт-М или нивниот давател на услуги за дитрубуција на производите, може исто така може да побара од крајниот корисник увид во неговата лична карта, односно да побара согласност за скенирање на личната карта во моментот на испорака на пакетите при преземање на робата лично од страна на крајниот корисник со цел да се евидентира кој го преземал пакетот т.е приложување на тој документ за евиденција на купувачот на каталошната продажба
Вклучување во идентификациски активности и давање на лични податоци е одлука на крајниот корисник. Ако крајниот корисник не ги даде тие задолжителни информации за одредената активност која што ги бара, нема да му биде допуштено вклучување во таква активност.
Лапласт-М Дооел, Скопје нема да ги споделува личните податоци на крајниот корисник со надовершни страни освен во случаи наведени во следната точка и во ситуација кога тоа го бараат законските прописи.
Лапласт-М Дооел, Скопје ќе ги користи личните податоци за испраќање и диструбиција на административни и промотивни емаил пораки, анализа на податоците, обработка на плаќањата со кредитни картички. Лапласт-М Дооел, Скопје може да ги сподели личните податоци на крајниот корисник со давателот на услугата за дистрибуција на производите за исполнување на нарачките, испорака на пакетите, испраќање на пораки и емаил пораки.
Крајниот корисник има можност да пристапи и да ги промени личните податоци кои што ги нуди Лапласт-М Дооел, Скопје. Крајниот корисник може да промени било кои од своите лични податоци со испраќање на емаил порака на info@laplast-m.com.mk. Во таа емаил порака крајниот корисник треба да го наведе своето име и презиме, адреса и емаил адреса т.е информациите кои што сака да ги надополни.
Како услов за купување на производите на Лапласт-М Дооел, Скопје, Лапласт-М бара дозвола од крајниот корисник за испраќање на административни и промотивни емаил пораки. Доколку крајниот корисник не сака да добива емаил пораки во било кое време по регистрацијата може да ја одбере опцијата за откажување на добивање на емаил пораки со испраќање на емаил порака на или со одбирање на опцијата откажување од newsletter која што се наоѓа на секоја newsletter порака.
Лапласт-М Дооел, Скопје сериозно ги зема предвид заштитата на податоците и преземени се различни мерки на претпазливост за да се заштитат личните податоци. За жал, ниту еден пренос на податоците преку Интернет или било која друга безжична мрежа не може да биде 100% сигурен. Како последица од тоа, иако Лапласт-М Дооел, Скопје спроведува комерцијално разумни мерки за заштита на податоците не може да гарантира заштита на било која информација пренесена на, или од info@laplast-m.com.mk интернет страната т.е не е одговорен за активностите на било која трета страна која ќе ги прими тие информации.
Малолетните, помлади од 18 години не смеат да ја користат Интернет страната info@laplast-m.com.mk. Лапласт-М Дооел, Скопје не прибира или задржува информации од било кого кој што е помлад од 18 години затоа ниту еден дел од оваа Интернет страна не е дизајниран на начин да привлече било кого кој што е помлад од 18 години.