Оваа изјава на приватност се однесува на приватност на податоците кои што се наоѓаат на Интернет страната www.shop.laplast-m.com.mk и кои што се собрани при користење на таа страна и зачувани во базата на податоци Лапласт-М Дооел, Скопје.

Лапласт-М Дооел, Скопје како давател на услугите на Интернет страната www.shop.laplast-m.com.mk се придржува до законските прописи со цел да се заштити приватноста на корисниците.
Се советуваат крајните корисници да прочитаат се што е наведено на оваа страна за полесно да разберат кои информации ги собира Лапласт-М Дооел, Скопје и како истите ги користи.
Крајните корисници кои што имаат било какви прашања во врска со приватноста на податоците можат да испратат емаил на следната адреса: info@laplast-m.com.mk.

Крајните корисници се советуваат внимателно да ја прочитаат оваа изјава на приватност. Со пристапување и користење на нашата интернет срана, крајниот корисник потврдува дека ги прочитал, разбрал и ги прифатил сите услови за приватност на податоците и начинот на примена од страна на www.shop.laplast-m.com.mk интернет страната.
Доколку крајниот корисник не се сложува со оваа Изјава на приватност, го упатуваме крајниот корисник да ја напушти, односно да не пристапува и да не ја користи Интернет страната www.shop.laplast-m.com.mk.
Лапласт-М Дооел, Скопје може да ја промени оваа изјава на приватност во било кое време со објавување на изменетиот текст на изјавата на приватност на податоците во делот “Изјава на приватност„ на Интернет страната. Измената на изјавата на приватност стапува на сила веднаш по објавата на Интернет страната www.shop.laplast-m.com.mk.

Секој краен корисник самиот е одговорен и должен периодично да ја посетува оваа страна и да ги согледа промените во Изјавата на приватност. Продолжување на користењето на оваа интернет страна од страна на крајниот корисник по стапување на сила на измените, подразбира дека крајниот корисник ги потврдува и ги прифаќа сите услови на изменетата Изјава на приватност.
Лапласт-М Дооел, Скопје собира информации кои што го идентификуваат специфичиот краен корисник. Кога крајниот корисник ќе се вклучи во одредени активности на www.shop.laplast-m.com.mk. Интернет страната, како што се создавање на корисничко име, правење на нарачка за производ или услуга, пополнување на анкети, објавување на коментари, испраќање на повратни информации, Лапласт-М Дооел, Скопје може да побара од крајниот корисник одредени информации за него како што се име и презима, адреса (вклучувајќи и поштенски број), емаил адреса, телефонски број и датум на раѓање, информации за бројот на кредитната картичка, рокот на истекување, код за авторизација и други поврзани информации. Лапласт-М или нивниот давател на услуги за дитрубуција на производите, може исто така може да побара од крајниот корисник увид во неговата лична карта, односно да побара согласност за скенирање на личната карта во моментот на испорака на пакетите при преземање на робата лично од страна на крајниот корисник со цел да се евидентира кој го преземал пакетот т.е приложување на тој документ за евиденција на купувачот на каталошната продажба
Вклучување во идентификациски активности и давање на лични податоци е одлука на крајниот корисник. Ако крајниот корисник не ги даде тие задолжителни информации за одредената активност која што ги бара, нема да му биде допуштено вклучување во таква активност.

Лапласт-М Дооел, Скопје нема да ги споделува личните податоци на крајниот корисник со надовершни страни освен во случаи наведени во следната точка и во ситуација кога тоа го бараат законските прописи.
Лапласт-М Дооел, Скопје ќе ги користи личните податоци за испраќање и диструбиција на административни и промотивни емаил пораки, анализа на податоците, обработка на плаќањата со кредитни картички. Лапласт-М Дооел, Скопје може да ги сподели личните податоци на крајниот корисник со давателот на услугата за дистрибуција на производите за исполнување на нарачките, испорака на пакетите, испраќање на пораки и емаил пораки.

Крајниот корисник има можност да пристапи и да ги промени личните податоци кои што ги нуди Лапласт-М Дооел, Скопје. Крајниот корисник може да промени било кои од своите лични податоци со испраќање на емаил порака на info@laplast-m.com.mk. Во таа емаил порака крајниот корисник треба да го наведе своето име и презиме, адреса и емаил адреса т.е информациите кои што сака да ги надополни.
Како услов за купување на производите на Лапласт-М Дооел, Скопје, Лапласт-М бара дозвола од крајниот корисник за испраќање на административни и промотивни емаил пораки. Доколку крајниот корисник не сака да добива емаил пораки во било кое време по регистрацијата може да ја одбере опцијата за откажување на добивање на емаил пораки со испраќање на емаил порака на или со одбирање на опцијата откажување од newsletter која што се наоѓа на секоја newsletter порака.

Лапласт-М Дооел, Скопје сериозно ги зема предвид заштитата на податоците и преземени се различни мерки на претпазливост за да се заштитат личните податоци. За жал, ниту еден пренос на податоците преку Интернет или било која друга безжична мрежа не може да биде 100% сигурен. Како последица од тоа, иако Лапласт-М Дооел, Скопје спроведува комерцијално разумни мерки за заштита на податоците не може да гарантира заштита на било која информација пренесена на, или од info@laplast-m.com.mk интернет страната т.е не е одговорен за активностите на било која трета страна која ќе ги прими тие информации.

Малолетните, помлади од 18 години не смеат да ја користат Интернет страната info@laplast-m.com.mk. Лапласт-М Дооел, Скопје не прибира или задржува информации од било кого кој што е помлад од 18 години затоа ниту еден дел од оваа Интернет страна не е дизајниран на начин да привлече било кого кој што е помлад од 18 години.

 

Користиме колачиња (cookies) на нашата веб страна за да добиете најдобро корисничко искуство со тоа што ги памети вашите преференци за идни посети. Со кликање на копчето “Се согласувам“ ги прифаќате сите колачиња. Прочитајте повеќе за колачињата на следниот Линк
Поставки за колачиња
Се согласувам
Не се согласувам
Политика за колачиња
Privacy & Cookies policy
Cookie name Active
Кога ќе дојдете на нашиот сајт или ги користите нашите услуги, www.shop.laplast-m.com.mk и трети лица, авторизирани од наша страна собираат колачиња кои содржат податоци за вас. Оваа страна ја објаснува политиката за користење на колачиња и слични технологии на www.shop.laplast-m.com.mk (Лапласт-М Дооел, Скопје) на нашата веб страна. Ги користиме овие технологии за да ја администрираме нашата страна, да анализираме трендови, да ги следиме активностите на корисниците и со тоа да овозможиме персонализирани промотивни пораки и реклами. Оваа страна објаснува што се технологиите и вашите права за промени и контролирање на употребата на колачињата. Кога прв пат ќе пристапите на www.shop.laplast-m.com.mk може да добиете порака која што ве известува дека користиме “колачиња”. Со кликнување на “се согласувам”, затворање на поп-ап прозорецот или со продолжување со користење на веб сајтот вие изјавувате дека сте ја разбрале и сте се согласиле со употребата на овие технологии, како што се објаснети во оваа Политика за колачиња. Не е задолжително да ги прифатите колачињата и согласувањето со користењето на истите може да биде отповикано во било кое време (Како да ги контролирате колачињата, содржано подолу во текстот). Може да ги промените подесувањата на вашиот пребарувач за да ограничите или забраните колачиња и можете да ги избришете од било кој уред во било кое време. Ако не се согласувате или ги избришете колачињата некои делови од нашиот сајт кои ги пристапувате може да не фукционираат како што треба или да им треба многу повеќе време да се отворат.Што се колачиња?Колачињата се мали текстуални датотеки, делови од код, кои можат да се употребуваат од страна на веб-страници со цел да се подобри корисничкото искуство. Колачињата се зачувуваат на вашиот компјутер или мобилен уред кога го посетувате веб сајтот. Кога следен пат ќе го посетите пак истиот сајт, колачињата ни дозволуваат да го препознаеме вашиот пребарувач. Колачињата може да ги зачувуваат вашите преференции и други информации но, не можат да читаат ваши податоци или информации од вашиот хард диск или пак да читаат други зачувани фајлови за колачиња од други сајтови. Колачињата кои што се директно поставени од сајтот (www.shop.laplast-m.com.mk) се нарекуваат “колачиња од прва страна”. Колачињата поставени од други страни се нарекуваат “колачиња од трети-страни”. Колачињата од трети страни овозможуваат различни функционалности на нашиот сајт како (рекламирање, фукнции на социјални медиуми, аналитики). Овие колачиња не се во сопственост на www.shop.laplast-m.com.mk и www.shop.laplast-m.com.mk нема контрола врз нив и како истите ќе бидат искористени. Зошто се користат колачињата? Колачињата се користат за подобро разбирање на користењето на веб-сајтот од страна на посетителите како и за оптимизирање на искуството при користење. Колачињата дозволуваат, на страната која што ги поставува, да препознаваат корисничките уреди на користење во споредба со претходни најави и посети со цел да се персонализираат рекламите за поголема релевантност спрема корисниците. Овие информации може да се соберат на сите веб-пребарувачи и на сите уреди (компјутер, лаптопи, паметни телефони, таблети итн.) но, маркетинг колачињата не содржат лични податоци за корисниците. Оваа веб-страна употребува различни видови колачиња. Некои колачиња се поставени од трети сервиси кои се појавуваат на нашите страници се со цел за оптимизирање на вашето искуство на www.shop.laplast-m.com.mk Колачиња што ние ги користиме: Неопходни колачиња (necessary cookies) кои помагаат една веб-страната да биде употреблива со овозможување на основните функции, како навигацијата низ страницата, употребата на кошничка за купување (shopping cart), наплата и сл. Без овие колачиња, веб-страната не може да функционира исправно. Претпочитани колачиња (Preference cookies) и овозможуваат на веб-страната да ги запомни информациите кои го менуваат начинот на кој таа се однесува или изгледа, како на пример Вашиот претпочитан јазик или регионот во кој се наоѓате. Статистички колачиња (Statistical cookies) ни помагаат да разбереме на кој начин посетителите комуницираат со веб страната преку анонимно собирање на информации. Маркетиншки колачиња (Marketing cookies) се употребуваат за следење на посетителите низ веб-страната. Целта е да се прикажат реклами кои се релевантни и привлечни за секој корисник поединечно. Врз колачињата поставени од трети лица, www.shop.laplast-m.com.mk нема никаква одговорност ниту надлежност и ве советуваме да ги прочитате политиката за приватност и политиката за колачиња на нашите соработници и партнери за зголемување на вашата сигурност. Колачиња за перформанси и функционалност се однесува на следењето за тоа доколку повторно се вратите на нашиот сајт. Овие колачиња содржат неопходни информации, на пример од кој град пристапувате кон www.shop.laplast-m.com.mk. Важно е да се напомене дека овие колачиња не се неопходни и не влијаат врз вашето искуство при посетата на нашиот сајт. Social Media колачиња дозволуваат да ги интегрираме функциите од социјалните медиуми на нашиот сајт, а исто така може да се користат во маркетиншки цели. Колачињата кои што се поставени од www.shop.laplast-m.com.mk се во наша надлежност, но колачиња поставени од трети лица, во овој случај социјалните мрежи, не се во наша надлежност и www.shop.laplast-m.com.mk нема никаква одговорност спрема користењето на податоците приберени од третите лица. Ве советуваме за подобра информираност да ги пребарате и прочитате политиките за колачиња и приватност на овие трети лица за подобра ваша сигурност. Како да ги контролирам колачињата? Кога прв пат ќе пристапите на www.shop.laplast-m.com.mk може да добиете порака која што ве известува дека користиме “колачиња”. Со кликнување на “се согласувам”, затворање на поп-ап прозорецот или со продолжување со користење на веб сајтот вие изјавување дека сте ја разбрале и сте се согласиле со употребата на овие технологии, како што се објаснети во оваа Политика за колачиња. Не е задолжително да ги прифатите колачињата и согласувањето со користењето на истите може да биде отповикано во било кое време. Преку подесувањата во веб-пребарувачот може да подесите кои колачиња ќе ги задржите, а кои не сакате да ги задржите. Исто така може да ја исконтактирате компанијата која ги поставила и која ги контролира колачињата. За повеќе информации проверете во подесувањата на вашиот веб-пребарувач. Проследете ги линковите подолу за корисни информации околу колачињата кај популарните пребарувачи: Microsoft Internet Explorer: https://support.microsoft.com/en-gb/help/17442/windows-internet-explorer-delete-manage-cookies Google Chrome: https://support.google.com/chrome/answer/95647?co=GENIE.Platform%3DDesktop&hl=en Mozilla Firefox: https://support.mozilla.org/en-US/kb/enable-and-disable-cookies-website-preferences Apple Safari: https://support.apple.com/kb/PH21411 Дали добивам колачиња преку е-маил? Нашите е-маил пораки содржат колачиња кои што доставуваат информации за тоа дали сте го отвориле е-маилот и дали сте кликнале на одреден линк во истиот. Овие колачиња се уникатни за секој корисник, односно два корисници со добиена иста порака имаат свои посебни и уникатни колачиња. Овие колачиња служат само за аналитички цели и не се задржуваат на вашиот уред. Пиксел за следење (Web Beacon) Покрај колачињата користиме и други технологии за да ги препознаеме и следиме посетителите на нашата страна. Web Beacon или пикселот за следење (tracking pixcel) е графичка слика (најчесто еден пиксел) која се пренесува преку пребарувач или HTML email порака, најчесто заедно со колачето. Пикселите за следење ни овозможуваат, на пример, да следиме како корисниците се движат од една на друга веб страна, како пристапиле на сајтот, дали со кликнување на одредена реклама на Facebook или веб-банер поставен на трета страна-за да научиме и ги оцениме перформансите на рекламите и воопшто на целиот сајт. Генерални информации Политиката за колачиња е дел од Политиката за приватност на www.shop.laplast-m.com.mk која што објаснува што www.shop.laplast-m.com.mk прави со собраните информации од нашите корисници. За повеќе иформации посетете ја Политиката за приватност. Политиките може да се менуваат и обновуваат повремено. Ве молиме посетувајте ги политиките за информираност при евенутални промени.
Save settings
Поставки за колачиња